Press "Enter" to skip to content

На годишниот концерт на КУД “Илинден“златна плакета за Антонијо Димитровски (фотогалерија)

Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола, која беше исполнета до последното место се одржа традиционалниот годишен концерт, кој се одржува пред Нова година. На концерот се појавија сите 14 групи: главен фолклорен ансамбл, два младински фолклорни ансамбли и 11 детски групи.

Пред настапот на младинските и главниот ансамбл на претседателот на КУД “Илинден“ Антонијо Димитровски, заради 40 годишно, непрекинато работење во друштвото му беше доделена Златна плакета.

Димитровски во своето обраќање им се заблагодари на сегашниот состав КУД “Илинден“ за честа која му е направена со доделување на Златна плакета, но не ги заборави сите управи и членови кои дале свој придонес во развојот на “Илинден“ од основањето во 1955 година па се до денес.

На концертот беше истакнато годинашното претсавување на КУД “Илинден“ и македонскиот фолклор на Меѓународниот детски фестивал за фолклор во Пендик, Истанбул, Турција, а беа нагласени и поважните настапи на “Илинден“ насекаде во светот во изминатите 60-тина години.

Први пред публиката се претставија членовите на детските групи.

На традиционалниот годишен концерт програмата се состоеше од сплетовите:

-Ајде Величе

-Сплет на ора од Демир Хисар

-Како Канче, Беранче, Сношти поминав

-Сплет на игри од Егејска Македонија

-Сплет на игри од Пиринска Македонија

-Оро Чапчева Елегија

-Сплет на игри од битолско

-Моштенски Собор.

Сите сплетови на ора беа музички следени од оркестарот на Друштвото предводен од Славе Наумовски.

КУД “Илинден“ во својот состав има 320 членови, кои активно учествуваат во зачувувањето на македонските традиционални игри и песни.

 

More from КултураMore posts in Култура »