Press "Enter" to skip to content

Стопанска банка АД Битола денес донираше во Детскиот диспанзер во “Уредот“

Како и најавија вчера на реотворањето на старата експозитура во Старата зграда кај Саат кулата, на Стопанска банка АД Битола, утрови ја реализираа донацијата во Здравствениот диспанзер “Д-р Хаим Абраванев“, наменета за Детскиот диспанзер. Донацијата се состои од транспортни креветчиња на новородените дечиња и дигитални ваги за следење на растот на дечињата.-Стопанска банка АД Битола и оваа година продолжува со донации за установи кои работат на територијата на општина Битола, каде и ние работиме, иако имаме десетина ескпозитури насекаде низ државата. Оваа година донацијата е насочена кон Здраветсвениот дом “Д-р Хаик Абраванел“ во одделенито за згрижување на деца каде што имаат примарна заштита. Се надеваме дека условите за прием на децата ќе се подобрат и ќе имаат по пријатен престој додека престојуваат тука, рече во име на донаторот, Наташа Несторовска, директор во Стопанска банка АД Битола.Несторовска додаде дека Банката ќе продолжи да работи како општествено одговорна компанија и понатаму ќе донира, а ќе работи и на модернизирање на експозитури.