Press "Enter" to skip to content

Поради доцнење на асфалтирањето на “Климент Охридски“ изведувачот ќе претрпи санкции

Заради доцнењето на поставувањето на асфалт на улицата “Климент Охридски“ градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, најави санкции за изведувачот кој не ги исполнил условите од договорот.

-Кажав и покажав дека во сите инфраструктурни зафати влегуваме со динамика која што треба да биде брза, експедитивна и тоа го покажавме секаде каде што на терен имаа активности јавните претпријатија кои што се во директна надлежност на општината. На ул. “Климент Охридски“, се што требаше да направи ЈП “Водовод“, а во делот на канализацијата КЈП “Нискоградба“, беше изведено во експедитивен краток рок. На јавна набавка, беше прифатен изведувач да го направи коловозот и со него се склучи договор според кој што изведувачот требало да се однесува. Меѓутоа, гледаме сите дека сликата воопшто не е таква. Она што може да го направи локалната самоуправа во такви околности е да ги превземе сите чекори согласно закон, на санкционирање на онај кој што бил изведувач и барање на оштета на самата општина и на граѓаните на Општина Битола.

Петровска додаде и дека ова треба да биде пример како треба да се однесуваат изведувачите кога утре или задутре ќе се одлучат да конкурираат и да се јават на некоја јавна набавка и да побараат право за некаков инфраструктурен зафат, но и да водат сметка дека тоа право носи сериозна одговорност.