Press "Enter" to skip to content

Дечињата од Центарот за ран детски развој “Бамби“ во Новаци подготвија приредба (фото)

Со новогодишна приредба организирана од Центарот за ран детски развој “Бамби“ од Новаци се означи стартот на Новогодишните и Божиќните празнувања, а неа ја гледаше и градоначалникот Кузманоски кој заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите од општината подарувајќи им пригодни новогодишни поклончиња.

Градоначалникот Кузманоски на дечињата и персоналот од центарот им посака многу радосни и убави моменти во новата година, а во знак на благодарност децата од дневниот престој на градоначалникот му подарија рачно изработена честитка.-Денес сум со дечињата од Центарот за ран детски развој Бамби од Новаци каде заедно со пригодна новогодишна приредба го означуваме стартот на новогодишните и божиќните празници. Нема поубаво нешто од чисти , искрени и радосни насмевки кои блескаат на детските лица. Како локална самоуправа обезбедивме новогодишни пакетчиња за сите ученици од Централното училиште и 8 –те подрачни училишта, како и новогодишни поклони за дечињата од Центарот за дневен престој, истакна градоначалникот Кузманоски.Кузмановски најави дека за многу брзо Центарот за ран детски развој ќе прерасне во градинка со целодневен престој со многу подобри услови, поголем капацитет и персонал кој ќе обезбеди подобра грижа и услуга.