Press "Enter" to skip to content

Тактилната изложба со мотиви за слепи и слабовидни лица (фото)

Во салата за изложби бо Заводот и Музеј во Битола, свеченото беше отворена Тактилната изложба со мотиви од колекцијата на НУ Завод и музеј Битола единствена од ваков тип во Република Македонија.Изложбата е наменета за слепи и слабовидни лица со единствена цел- достапност на  постојаната  музејска  поставка до нив.-Изработени се дваесет и две тактилни слики на специјална капсулна хартија, печатени на фузер, со претходна комјутерска подготовка, пропратени со адаптирани текстови и  објаснувања на Браева азбука, изјави м-р Јове Парговски од Н.У. Завод и музеј, кој изработи голем дел од тактилните слики.Во рамките на овој проект беа консултирани повеќе експерти од  Република Македонија и Балканот, Татјана Мијатович од БиХ, Милена Милошевич Мицич, Жељка Сушич од Хрватка, која беше на отварањето на изложбата и др. (дефектолози, тифлолози, дизајнери, кустоси…)а, беа направени со консултации со слепите лица од Битола низ работилници, организирани посети и состаноци.Текстовите на Браева азбука ги подготви м-р Тесалија Жирова-тифлолог, а НУ Завод и музеј Битола во последниот период реализираше повеќе стручни проекти за инклузија и достапност на културното наследство за лицата со попречености.Раководителот на проектот, д-р Ирена Ружин најави дека во наредниот период предмети од поставката ќе бидат презентирани во 3Д , со аудио и видео поддршка и објаснувања на знаковен јазик, со поддршка од Балканска музејска мрежа. Изложбата ке биде презентирана во повеке градови.Изложбата е поддржана од Министерство за култура на РМ.