Press "Enter" to skip to content

Се подготвува Бадниковата поворка низ улиците на Битола

Христовото раѓање ќе го најават убавите и распеаните деца во Битола на 06 јануари 2019 година во 11.00 часот  на плоштадот “Магнолија“.

Оваа година, со благослов на архимандрит Партениј од Бигорскиот Манастир, традиционално ќе се одржи најубавата манифестација, по повод најголемиот христијански празник Божик.

Подготовките се во тек и организаторите на Бадниковата поворка што ќе се одржи низ улиците на Битола.

Се повикуваат сите дечиња и родители да се приклучат и да земат учество на овогодишната Бадникова поворка во Битола 2019 и со песна да го најават Христовото раѓање.

За текот на пробите за “Вечниот Бог” и повеќе информации контакт: 075882273