Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од село Будаково, општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи”.
Од СВР-Битола информираат дека при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки, завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 кг., марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.






