Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: двајца малолетници и маж приведени за марихуана, физички напад

На 14.02.2026 во 20:30 часот на ул. “Александар Турунџев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 14.02.2026 во 22:10 часот на ул. “Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана, таблети и бела прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2026 во 01:35 часот во СВР Битола, Т.Б. од Битола пријавил дека на ул. “Јане Сандански“ во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »