-Ален Рустемов во поединечни и Филип Кузмановски во екипни спортови се спортисти на Битола за 2025 година, признание за животно дело за спорт за кошаркарскиот тренер Благој Печалев.
-За општествено одговорни компании признанија добија “Бимилк“, Симпекс“ и“Рино Интернационал“ од Битола, а посебни признанија беа доделени за поединци, планинари, репрезентативки, селектори, спортски работници…
-Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и УКЛО Битола, како и за победниците на ноќната трка во Битола.
Вечерва во салата на Народниот театар од Битола се одржа 62. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2025 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола.
Во име на организатор на изборот, Сојузот на спортови Битола се обрати претседателот Сашко Павловски, кој присутните ги поздрави им ги честита наградите на добитниците и се заблагодари на Општина Битола и градоначалникот за поддршката која им ја даваат на Сојузот на спортови и на спортот во Битола, а зборуваше и за големтрадиција на оваа манифестација која се одржа по 62. пат.
Павловски нагласи дека големиот број на пријавени спортисти, околу 130, кои конкурираа за наградите говори за успесите на спортот во изминатата година, а комисиите на Сојузот на спортови и Управниот одбор немале лесна работа да го направат изборот на најдобрите, а Сојузот се потруди да награди и поединци, клубови и компании кои дале продинес во спортот и направиле добро резултати надвор од натпреварувачките шампионати.
Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави ги поздрави присутните, кои рече дека се радува што изминатата година имале добри спортски резултати, а Општина Битола имала поголем број на настани и активности кои ги финансирала Општината се со цел да продолжи развојот на спортот во Битола.
Коњановски преку видео порака испрати порака до спортистите на Битола за важноста на спортот, како лекар, како битолчанец и како градоначалник, и најави дека и во иднина Битола ќе биде лидер во вложувањата во спортот во градот и поддршка на спортистите.
Коњановски ја додели наградата за најдобар спортист на Битола за 2025 година, на најдобриот спортист на Битола, европскиот првак во бокс Ален Рустемовски, а статуетката за капитенот на РК Пелистер, Филип Кузмановски со кој освои домашна титула и настапува во Лигата на Шампиони, ќе му биде доделена дополнително.
Второто место му припадна на голманот Никола Митревски, а третото на Леа Бошевска – кикбокс. Следуваат: Бобан Стаиќ– кошарка, Христијан Илиевски – мото крос, Јовче Даскаловски – велосипедизам, Даниел Зхоу Главевски пинг понг, Марија Димитровска – одбојка, Дарија Крстевска – атлетика, Андреј Јовчевски – фудбал.
За најдобра екипа за 2025 година е прогласен рекометнио клуб Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија и за настапите во Лигата на Шампиони, на второ место е кошаркарскиот клуб Пелистер. Третопласирани се женскиот одбојкарски клуб и пинпонгарскиот клуб Пелагонија.
Плакети за ветерани на спортот доби Благој Печалев, кој цел живот го посвети на кошарката.
За општествено одговорни компании посебни награди добија “Би Милк“, “Синпекс“ и “Рино Интернационал“ сите од Битола.
Посебни признанија за соработката на Општина Битола и Фудбалската федерација Сојузот на спортови им додели на Гоце Христов, Николче Новевски и Масер Омерагиќ.
За посебни заслуги за промоција на спортот од Битола и за постигнати значајни резултати добија Валентина Соколовска Зорица Силјановска, Николче Андоновски, Христо Василевски, Горан Стефановски, Едмон Вејсели, Теодор Тили, Љупчо Спировски, Јани Богоевски, Анастасија Тодоровска, Бојан Тошевски, Марија Црвенковска, Горан Дамевски, Ultar trial marathon и СВР Битола.
Сара Стојановска, Марјан Илиевски, Димитар Капинковски добија признанија за нивниот ангажман како селектори на репрезентации, а Митревски Влатко, Ангела Домазетовска, Ралевски Благојче за нивното унапредување во судиската организација, а Љамчевски Благојче за завршување на фудбалската кариера.
Пелистер ракометен клуб, Пелистер фудбалски клуб, Пелистер планинарски клуб, Чкембари Битола оваа година забележаа големи јубилеи и затоа Сојузот на спортови им додели посебни признанија.
Најдобра младинска екипа за 2025 година е прогласе младинската екипа на Еурофарм Пелистер која играше во заврницата, Ф4, во Келн – Германија во Лигата на Шампиони.
Младите битолски спортисти: Наум Марковски, Марија Димовска, Арабел Рустемовски, Самоил Ристевски и Адријан Рустемовски добија посебни признанија за нивните резултати кои ги постигнаа во своите спортови.
Постхумно беше доделени посебно признание на семејството на прерано починатиот Зоран Петковски, за неговиот голем придонес во развојот на кошарката, како капитен на КК Пелистер и за неговиот придонес за развој на спортот во Битола како спортски работник.
Томче Петровски, Игор Стојковски, победници на 4-то Ноемвриска трка – ОУ “Стив Наумов“ и Гимназија “Јосип Броз Тито“, најуспешни училишта во спортски активности за 2025 ОУ “Климент Охридски“ и Гимназија “Јосип Броз Тито“ добија признанија по предлог на Сојузот на Училишен спорт.
Проф. д-р Ице Илиjeвск и проф. д-р Ангелина Станојоска добија посебни признанија по предлог на Сојузот на Универзитетски спорт при УКЛО Битола.
Сојузот на спортови ги награди и најдобри младинци во 2025 година: Димитар Стефановски, Петар Лозановски, Маригона Зенуни, Ева Ацковска, Марија Марчевска, Марија Иломаноска, Михаил Марковски, Давид Стојчевски, Александар Божиновски, Вероника Кочов, Никола Стојковски, Сара Стојановска, Дамјан Талевски/Илина Ташовска, Милена Силјановска, Андреа Петковска, Мелани Волкановска, Дарко Китановски, Кристијан Митев, Андреј Бејковски, Мила Петровска, Кристина Петровска, Анабела Динева
Деа Ивановска, Владимир Чакулески, Теодора Христова, Емилија Илиевска, Вања Арсиќ, Лела Стојановска, Симон Мицковски, Виктор Талевски, Давид Ангелески, Јован Мацанковски, Јован Симоновски, Тео Спировски, Ана Марија Димитровска, Атанасија, Момоковска, Лео Созовски, Огнен Стојановски, Ариана Сулејмановска, Ана Стојчевска, Евгенија Костовска, Ивана Лисолајска, Александра Ристевска, Мила Андоновска, Мартина Талевска, Евгенија Јовчева, Ангела Ристевска и Евгениј Ристевски.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска








