Не поминаа ни два дена откако беа поставени пластичните столбчиња на улицата “Кирил и Методиј“ во Битола, а денес веќе се оштетени. Несовесен возач го паркира возилото на тротоар, а при тоа го оштети и столбчето на штотуку средената пешачка патека.
На несовесни граѓани не им е грижа малите ученици каде ќе поминуваат кон патот за на училиште, а најмалку за оштетување на општинскиот имот, кој само да потсетиме е на сите нас, а како таков треба за него сите да се грижиме.
Да се потсетиме на 18 февруари, Општина Битола во соработка со јавното претпријатие “Паркинзи“ со физички пречки, односно столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина.
-Со ова веќе нема да има паркирање автомобили кои го попречуваа движењето на пешаците, улицата е еднонасочна, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ја обезбедуваат патеката за слободно движење на граѓаните, соопштија надлежните.






