На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 41 годишник од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа штпо на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира. Додека со него се водел службен разговор во Полициксата станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот е известен јавен обвините и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
На 19.02.2026 во 18:45 часот на ул. „Пеце Матичевски” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиja од слобода 66 годишник од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






