Денес во болницата “Плодност“ – Битола пристигна нивното 100-то новороденче за оваа година.
-Се роди Иларија, тешка 4330 г. и долга 52 см. Породувањето беше спонтано, а бебето е во добра состојба, соопштија од “Плодност“ и порачаа:
-Сто бебиња од почетокот на годината. Сто причини за благодарност. Честитки до семејството и благодарност за довербата.






