Денес во Битола се одржа втората од најавените шест јавни дебати за новиот предлог Закон за високо образование заедно со наставно – научен кадар од битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ и од охридскиот „Св. Апостол Павле“. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска заедно со други претставници на министерството ги образложија позначајните новини во предложената законска регулатива, посочувајќи дека законот обезбедува повеќе права и можности за академската и научната заедница, но и за студентите.
Се дискутираше на повеќе прашања кои ги поставија присутните вработени на двата универзитета, а беа разјаснети и низа дилеми кои произлегоа од пласирани неточни информации во јавноста од одредени општествени чинители, чија намера, како што рече Јаневска е да ја намалат ефикасноста на јавната дебата и насочат во друг правец.
–Благодарна сум за секоја забелешка и конструктивна сугестија за унапредување на законското решение. Заедничката работа носи квалитет, така што убедена сум дека ќе донесеме модерен и применлив закон кој ќе го унапреди високото образование и ќе ѝ даде нов импулс на науката во годините што следат, нагласи министерката.
Јаневска додаде дека по завршување на сите закажани јавни дебати, коментарите ќе бидат сумирани и сето тоа што е издржано ќе биде интегрирано во новиот предлог закон кој Владата ќе треба да го проследи до Собранието.

Во Битола се одржа втора јавна дебата за предлог Законот за високо образование со претставници на УКЛО и УИНТ
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека





