Оваа програма има за цел да им помогне на општините во Македонија да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.
На денешната обука „Судур на интереси“ присуствуваа вработени од општинската администрација, избрани и именувани функционери.
Програмата „Заедници со интегритет“ е проект финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведен од Националниот демократски институт (НДИ). Програмата се спроведува во неколку општини, а меѓу нив е и Општина Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски во поздравниот говор изрази благодарност што и Општина Битола е дел од овој проект, истакнувајќи дека оваа е многу важно за Општина Битола и натаму да биде високо позиционирана на листата за транспарентност и исполнување на обврските без судир на интереси.
Претставникот од Националниот демократски институт ја спомена одличната вест од пред неколку недели дека Општина Битола е високо рангирана од страна Транспаренси Интернешнл – Македонија. За судирот на интереси-управување, забрани и ограничувања за вработени во јавниот сектор, зборуваше Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување корупција.

Обука за општинската администрација, избрани и именувани функционери на тема “Судур на интереси“
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)





