Двајца млади битолчани, Андреј Стојчевски и Лука Бошевски, денеска самоиницијативно го заменија старото дотраено македонско знаме поставено на Стрежевскиот Канал над Смолево со ново.
-Со оглед дека редовно сме присутни на овој терен заради спортување, дојдовме на идеја да го промениме дотраеното македонско знаме на јарболот од каде што е стартот на велосипедската патека “Смолево“. Воедно планираме да го расчистиме теренот од отпадоци и да поставиме клупа за седење – изјавија двајцата битолчани.
Инаку Андреј е гимнастичар, и дизајнер, а Лука е фудбалер и инженер по заштита на околината. Потегот со самоиницијативната замена на знамето е мал гест кој што носи голема порака за сите што ја почитуваат и ја сакаат својата земја. Веруваме дека овој убав пример ќе го следат и други млади битолчани.
Д.Ристевски






