Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец со 1,66 промили алкохол во крвта со “мини купер“ излетал од патот, двајца повредени

На 07.03.2026 во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на село Велмевци, демирхисарско, патничко возило “мини купер ” со битолски регистарски ознаки, управувано од 25 годишник од Битола, излетало од патот.

Во незгодата, возачот и сопатникот на возраст од 21 година од Битола се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битолаза укажување лекарска помош.

Додека, при преземање службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот го управувал  возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта. Увид бил извршен.

More from ВестиMore posts in Вести »