Press "Enter" to skip to content

Жените – хероини на современото живеење: Честит 8 Март

Денешниот ден – 8 ми Март е посветен на жената која секојдневно носи многу улоги. Таа е и сопруга, и мајка, и пријател, и поддршка. Таа работи, се грижи за семејството, се бори со обврските и секогаш се труди да даде сè од себе.

Во трката со времето, обврските и очекувањата, жената често заборава на себе. Од неа се очекува да биде успешна на работа, грижлива дома, насмеана, силна и секогаш уредна. Но зад таа насмевка стојат многу труд, грижа и жртва.

Затоа денес сакаме да кажеме – доволно е што сте тоа што сте. Не мора секогаш да бидете совршени. Не се оптоварувајте со очекувања, трендови или правила како треба да изгледате или што треба да постигнете. Не заборавајте дека вашата сила не лежи во тоа да бидете „совршени“, туку во тоа да бидете свои, храбри и истрајни.

Во свет кој долго време бил обликуван според традиционални родови улоги, вие секојдневно покажувате дека границите можат да се поместуваат. Вашата вредност не се мери со совршенство, туку со сè што давате секој ден. Вие сте столбот на семејството, поддршката на општеството и вистински херои на современиот живот.

8 Март е ден кога не само што им честитаме на жените, туку и се потсетуваме дека борбата за рамноправност и почит мора да продолжи. Општеството напредува само тогаш кога жените имаат еднакви можности, поддршка и признание за својот труд.

Среќен 8-ми Март на сите жени – со почит, благодарност и восхит.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »