Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица, едниот возел 101 км/ч дозволено било 50, вториот физички ја нападнал сопругата

На 11.03.2026 во 06:57 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 21 годишник од село Крклино, битолско. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „ауди”со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал возилоот со брзина од 101 километри на час на место каде што е дозволено 50 километри на час. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 33 годишник од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 – годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.