Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријави за исчезнато лице и нарушување на јавниот ред и мир со тепачка

На 06.01.2019 година во 03,05 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул. ,,Димитар Илиевски Мурато“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ѓ(39)од Битола и Д.Л (23) од Битола. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени прекршочни пријави по чл.11 ст.1 од ЗППЈРМ .

На 05.01.2019 година во 16,05 часот во СВР-Битола, С.А. (49) од Битола пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М. (14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.