Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, температурата до 11 степени

Денес, понеделник, 23 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне услови повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 11 степени.

Утре, вторник, 24 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.