Денес во ЗОО Битола потпиша меморандум за соработка со Ветеринарниот факултет од Битола. Меморандумот во име на ЗОО Битола го потпиша директорот Жарко Тренковски и во име на Ветеринарниот факултет деканот проф. д-р Панче Дамески.
–Со овој меморандум се обврзавме заедно се грижиме за подобра благосостојба на животните, едукативна и практична настава на студентите, користење на опремата и знаењето на професорскиот кадар при Ветеринарниот факултет и учество на проекти за заштита на биодиверзитетот, вели директорот Жарко Тренковски.
Денес во посета на ЗОО Битола беа и студентите од Ветеринарниот факултет од Битола кои директорот ги запозна со животните кои се наоѓаат кај нив и обврските на вработените кон нив, како и со организациската и кадровската поставеност на зоолошката.

ЗОО Битола и Ветеринарен факултет од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





