Press "Enter" to skip to content

Поддршка за младите таленти низ соработка на  УКЛО Битола со училишта и локалната заедница (фотогалерија)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа инспиративен настан посветен на препознавање и поддршка на младите таленти под мотото: „Патот на талентот – од ученик до студент“.Ректорот , проф. д-р Игор Неделковски како поддржувач на развојот на младите таленти се осврна кон иницијативите на УКЛО насочени кон создавање услови во кои младите таленти ќе ја препознаат својата иднина дома, наместо да ја бараат надвор од државата уште за време на школувањето или веднаш по дипломирањето.Во таа насока, посочи дека УКЛО вниманието кон талентираните од студентите го прошири кон средношколците и со најновите активности и кон талентираните основци, нагласувајќи дека задржувањето на талентите се препознава како клучен предуслов за општествен развој и попросперитетна држава.Поттикнување на соработката на Универзитетот со училиштата и локалната заедница, со цел градење континуирана поддршка за младите таленти преку програмата Colours Juniours пренесе и проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, академска раководителка на УКЛО КОЛОРС. Претставени се неколку актуелни иницијативи и можностите кои директно  придонесуваат за развојот на младите таленти меѓу кои: ПОГОН – Саемот за природни и технички науки, Конкурсот за креативни изработки Корени и крилја – европска диплома дома кој годинава ќе се одвива на тема Метаморфоза, настанот Европска ноќ на истражувачите, како и други можности преку УКЛО КОЛОРС што отвораат простор за заедничко и креативно делување.Наташа Ташкова Поповска, советничка за образование од  Општина Битола изрази задоволство што преку УКЛО КОЛОРС се поврзуваат основните и средните училишта со Универзитетот, при што Општината дава целосна поддршка со цел овие млади, како идни кадри на градот, да се задржат и развиваат во својата заедница и државата. Програмата опфати кратки обраќања од ученици кои преку својата работа, труд и посветеност веќе покажуваат извонредни резултати и инспиративни приказни од студентките: Тамара Тасевска, Ева Нешкоска и Катерина Стојкоска кои се осврнаа на својот пат  –  Од надарен ученик до студент, споделувајќи сопствени искуства за развој на талентот. „Патот на талентот – од ученик до студент“ опфати и разговор со ментори на тема: Како да го препознаеме и поддржиме талентот низ меѓусебно поврзување на студент, психолог од основно училиште и претставник од Општина Битола.Интерактивниот настан се одржа во организација на КРЕДО Центарот при УКЛО и го модерираше директорката проф. д-р Јасмина Буневска Талевска која го истакна  воспоставениот „менторски мост“ помеѓу учениците и студентите, при што студентите ќе делуваат како млади инспиративни водичи.Активноста во Колаборативниот простор во Студентскиот информативен центар и е заокружена со доделување благодарници. 

Е. Атанасоска