Press "Enter" to skip to content

Царинарница Битола во 2025 наплати приходи од вкупно 9,2 милијарди денари или за 359,5 милиони денари повеќе од 2024

-Изготвени се 9.179 записници за царинска вредност при што дополнително се 5,8 милиони евра или за 2,2 милиони евра повеќе од 2024 година кога по 6.803 записници биле наплатени 3,6 милиони евра. Дополнително изречени се записници по проверка на фактури, контрола на тарифна ознака и потекло на стока и дополнително се пресметани 3,2 милион денари или 52 илјади евра по основ на избегнати давачки, сооптија од Царинската управа на Македонија.

Едни од позначајните заплени во 2025 година на ниво на царинарница Битола:

-60 литри течен пестицид и 11 килограми прашкаст пестицид во вредност од 987 илјади денари

-златен накит во вкупна вредност од 152 илјади денари

-153 литри маслиново масло.Службата за надзор на иматели на одобренија под ингеренции на царинарница Битола во 2025 спроведе 55 теренски контроли на одобренија за постапки со економски ефект и на одобренија за поедноставени постапки за локално царинење при увоз или извоз, при што кај 11 правни лица се утврдени неправилности и изречени се 44 прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 28 илјади евра, информираат од Царинската управа. 

More from ВестиMore posts in Вести »