Press "Enter" to skip to content

In memoriam: професор Зоран Маневски

Синоќа во Битола  на 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола, 

Маневски е роден од Велес, средно музичко училиште и музичка академија отсек виолина заврши во Скопје, а прво вработување му беше во  Македонската филхармонија. Најголем дел од својот работен век го помина во Битола, како професор по виолина и беше еден од омилените професори на ученици, сега познати музичари во државата, но и надвор од неа.

Зоран Маневски е еден од иницијаторите и основачите на Камерниот оркестар во Битола, за што има добиено и посебно признание. 

Неговата дарба за музика  го смести на листата на најдобрите естрадни уметници во Македонија. Кариерата како музичар ја започна во родниот Велес каде што настапуваше во групата “Негрос“. Во Битола беше член на “Мегдан“, а како солист настапуваше и со “Битолски Конзули“, многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – “Валандово“, “Цветници“, “Тетовски Филиграни“, “Интерфест  Битола“, “Серенада“…

Посмртните останки на професорот Маневски ќе бидат изложени утре вторник (31 март)  во црквата „Свети Димитриј“ Битола од 10 до 12 часот.