По неработните денови по повод Божикните празници денес е првиот работен ден за битолчани и се вратија на секојдневните работни обврски.
Денес претпладне иако температирата беше околу -12 степени, по утринските -20 степени, имаше луѓе по Широк Сокак, Старата битолска чаршија, а движење имаше и по околните улици околу центарот на градот.
Само поради студот и Божикните празници, намалено беше движењето низ пазарот, но затоа пак по улиците нив Чаршијата имаше движење, но ретко кој влегуваше по дуќаните, а продавачките со топлеа на слабото сонце, со заби.
Најмногу луѓе имаше по банките каде пензионерите ги подигнуваа пензиите, а веднаш и ги плаќаа сметките за комуналии.
И на улиците се врати вообичаената сообраќајна гужва, а дел од возачите поради екстемно студено време имаа проблеми со стартувањето на возилата.
[ngg src=”galleries” ids=”260″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”alttext”]






