Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдената почината жена починала од природна смрт

На 30.03.2026 во 11:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Мирка Гинова” во стан била пронајдена почината 74 годишна жена од Битола.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.

По насоки на јавен обвинител телото на почината е дадено на обдукција, а  по извршената обдукција е утврдено дека станува збор за природна смрт.