Денес, како и секој 2 април во основното училиште рерурсен центар “Кочо Рацин“ во Битола беше одбележан Светскиот ден на аутизмот, а центарот беше обоен во сино, но за нив оваа боја не е само симбол – таа е секојдневие исполнето со искрени насмевки, уникатни погледи на светот и неуморна борба за прифаќање.
-Денес не само што го одбележуваме Светскиот ден на свесноста за аутизмот, туку го славиме секое дете кое нè учи дека комуникацијата не секогаш бара зборови, а љубовта нема граници. Светот е поубав кога ги прифаќаме различностите, рекоа од рерурсен центар “Кочо Рацин“.
Во ходниците на ова училиште, секој ден враборените и нивните штитеници се сведоци на мали, но огромни победи.
-Сведочиме на храброста на родителите кои се столбови на сила и на трпението на наставниците и професионалците кои со целото свое срце го градат патот кон самостојност. Аутизмот не е болест која треба да се лекува, туку различен начин на постоење кој треба да го разбереме и поддржиме, ни рекоа од учлиштето.
Инаку овој ден и сите денови за нив значат; Трпение: Затоа што на некои им треба малку повеќе време за да го обработат светот околу себе. Емпатија: За да почувствуваме што се крие зад тишината или зад необичните движења. Инклузија: Затоа што секое дете заслужува шанса да учи, да игра и да биде дел од заедницата и дека секое дете е како уникатно парче од сложувалка – без него, сликата на нашето општество не би била целосна.
Во ОУРЦ „Кочо Рацин“ на денешното одбележување присуствуваше и заменик градоначалничката на Битола – Марина Крстиќ, како и госите Јулијана Мирчевска, Војдан Мавровски и Емилија Дабеска.

Во Ресурсниот центар “Кочо Рацин“ одбежан 2 април – Светскиот ден на аутизмот
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени





