Press "Enter" to skip to content

Утре и сабота 5. Пролетен саем во “Ангромаркет Лозар“ во Битола

-По повод 5 години саем покрај големите попусти за секој производ и дополнителен попуст од 5%.

Во дворот на “Ангромаркет – Лозар“ утре, петок, 3 април, и сабота 4 април 2о26 година, ќе се одржи 5. по ред пролетен саем на “Ангромаркет“, на кој производите кои се продаваат со намалени цени кој ги нудат самите компании.

“Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат несекојдневен начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти.

Оваа година покрај компаниите кои секоја година се присутни на саемот ќе бидат и компаниите “Кофи ангел“ од Прилеп и “Синак 95“ од Гостивар. За овој нов начин на продажба, од “Ангромаркет“ велат дека е предизвик кој веќе го имаат реализирано, а познати фирми и брендови се заедно со нив, а сево ова е примамливо за купувачите.

За купувачите и посетителите ресторанот и летната бавча ќе биде целосно ставен во функција на гостите на саемот.

Пролетниот саем ќе биде отворен утре од 10 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »