На 02.04.2026 во 10:15 часот на ул. „Ѓорги Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Т. (36) од Битола, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со оддавање на пијанство и агресивно однесување . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2026 во 09:30 часот во СВР Битола Ш.Х.(39) од с.Лажец, битолско, пријави дека неговиот малолетен син во дворот на основното училиште во с.Кишава, битолско, бил физички нападнат од малолетник од с. Острец ,битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.04.2026 во 21:55 часот на ул. „Ѓорги Наумов“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Н. (32) од с.Поешево , битолско. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Н. , при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2026 во 19:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.Ј.(19) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ј. и по преземени мерки е констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 01.04.2026 во 20:50 часот на ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода Д.М. (32) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., и по преземени мерки е констатирано дека го управувал со активна забрана за управување возило од Б категорија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 01.04.2026 во 18.30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (53) од Битола и товарно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (61) од с.Горно Оризари, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и неговиот сопатник С.К.(75) од Битола, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.К., констатирани во Итната медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.






