Главниот настан во организација на здружението на навивачите на Ливерпул од Македонија се одржа денес во Битоло во клубот “Расчекор“ во Битола каде имаше заедничко гледање на дуелот од четвртфиналето од ФА купот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, а потоа следуваше голема забава и многу дружење.
Во Битола беше и големата ѕвезда на Ливерпул, Џон Барнс, кој се обрати на навивачите на Ливерпул од регионот кој беа два дена во Битола, а неговото излагање слободно може да се каже дека беше “мастер клас“.
Во “Расчекор“ се гледаше фудбал, а иако Ливерпул загуби атмосферата беше прекрасна, со многу дружење, забава, навивачки песни, со пиво… цел “Расчекор“ беше обоен во црвено.
Еден од организаторите на овој настан беше Трајче Бебековски кој не го криеше задоволството од случувањата во Битола и ни рече:
-Битола ја ставивме на големата мапа на Европа каде имам вакви настани. Покажавме одлично гостоптимство, покажавме дека сме спортски град, покажавме дека има голем број на битолчани кои навиваат за Ливерпул, покажавме дека имаме одлично клубче за дружење… Бевме одлични домаќини, го промовиравме нашиот град, нашата култура, нашата храна… за што добивме само пофалби од сите гости од сите страни. Забавата во “Расчекор“ беше феноменална, а и за тоа само пофалби. Немам зборови да кажам што се се случи, ќе треба да помине време да ги средиме впечатоците. Има благорам на сите гости кои дојдоа во Битола да го направиме настанот голем, а секако голема благодарност на сите во Битола кои помогнаа ова да биде вака.
Големо беше воодушевувањето на гостите од секаде од тоа што се случуваше во “Расчекор“, а гостите од Словенија не го криеја задоволството од она што им го понуди клубот.
-Се потрудивме да бидеме најдобри, обезбедивме одличен звук, одлична слика, технички и организациски бевме без грешки, а сето тоа заедно со организаторите од Битола. Сето ова со една цел која ја остваривме, да бидеме одлични домаќини и во иднина да имаме и друг ваков настан, да бидеме уште побројни, рече Марио Труфуновски еден од сопствениците на “Расчекор“.
За забавата се погрижи Kieo официјалниот музичар на Ливерпул, а настапија и ди-џејот Ilija Talev #TheHair.

Преходно во ресторанот “Корзо“ се одржа прес-конференција на која зборуваше во име на организаторот Александар Стојановски кој рече:
-Ова е празник за сите нас навивали на Ливерпул. Во поглед на организацијата можам да кажам дека ова беше сериозен предизвик тука да биде голема фудбалска ѕвезда на Ливерпул – Џон Барнс кој е легенда на црвениот дрес со 400 настапи во дресот на Ливерпул и 80 настапи во дресот на англиската репрезентација. Посебно им благодариме на франшизата “Boss nigft“, а се надеваме дека ова ќе биде нова традиција во Битола. Секако мора да го споменам и нашиот прерано починатиот претседател Томе Влашевски – Кубата во чија чест е овој настан. Сакам да ги споменам спонзорите, пред се Универзитетот “Скопје“ кој несебично ни помогнаа.
Носителот на франшизата “Boss nigft“ – Шон Конел рече:
-Првично сакам да се заблагодарам што убаво ме пречекавме во Битола. Да ми кажеа пред 15 години дека ова ќе се случи немаше да верувам. Франшизата “Boss nigft“ започна како магазин “фанзин“ за навивачите и успешно работи 15 години. Јас и моите другари патувавме со возови и авиони на натпреварите на Ливерпул, а сето ова беше кога немаше социјални мрежи. Весникот беше успешен и имавме голем тираж, а промоција правевме преку забави. “Boss nigft“ ги спои фудбалот и музиката, а после натпревар правевме забави каде имаше забава и пијалок и слушавме музика, се беше на едно место бидејќи Ливерпул живее за фудбалот.
Барнс еден од легендарните играчи на Ливерпул на пресот рече дека е прекрасно е во Битола, го познавам Панчев, знаев дека ќе има многу навивачи затоа што ние сме големо семејство. Барнс рече дека е изненаден од гостопримливоста во Битола.
-Сум бил во Кина, Индија, Малезија и секаде каде имаме навивачи. Дури и во Уганда, Руанда или било каде, Ливерпул е насекаде. Затоа и не сум изненаден што толку многу навивачи имаме и тука во Македонија. Со авион од Ливерпул до тука се стигнува за само 2-3 часа, а сум бил на места кои се многу подалеку како Австралија, а и таму има многу фанови на Ливерпул. Ливерпул е шампионски клуб тоа е повеќе од клуб, рече Барнс, кој подели многу автограми, а навивачите направија фотографии за спомен со легендата.
Легендата на Ливерпул се присети кога беше играч и кога во дресот на Англија играше против Југославија во Белград.
-Овој дел од Европа, односно Балканот го познавам уште од времето кога беше поранешната држава Југославија. Тогаш победивме со 4:1 и дадов гол. Сега прв пат сум во Македонија, но се сеќавам дека го имате Дарко Панчев. Оваа држава е Македонија, не Северна, само Македонија. Многу е убаво во Битола, ова е моето омилено место во Македонија“, додава Барнс.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска











