Во “Голд Фелициа“ Битола се одржа хуманитарен велигденски базар кој се организира трета година по ред.
Модератор на шоуто беше актерот Никола Пројчевски кој кај децата и нивните родители измами многу насмевски и искрени емоции, и уште еднаш ги потсети што значи Велигден, и се што се прави во чест на големиот верски празник.
Хуманитарен велигденски базар и оваа година измами радост, насмевки и хуманитарна мисија на едно место, што е целта на овие настани кои се организираат за време на најголемиот христијански празник Велигден.
Хуманитарен велигденски базар исполнет со детска забава, игри и изненадувања.
Дечињата ги обоија велигденските јајца во рамките на специјалната креативна работилница, го свртија тркалото на среќата…
Можност за семејно дружење и создавање убави велигденски спомени беше надополнета со восење со пајтон кое го овозможи битолската коњаница “КЈК Пиреј“.
На крај дечињата има несекојдневна можност да запеат на прекрасната сцена на “Голд Фелициа“ во специјалното караоке шоу.
Сашо Ристевски






