Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: оштетено возило од огнено оружје, семејно насилство, битолчанец управувал автомобил иако возачката му биле одземена

На 06.04.2026 во 18:58 часот во СВР Битола, М.В. (46) од Битола пријавил дека на ул.„Пожаревачка” во Битола, задното стакло од неговото патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки било оштетено од огнено оружје. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.04.2026 во 22.30 часот на ул. „Смилевски конгрес“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40-годишен маж од Битола затоа што упатувал закани кон неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.04.2026 во 00,20 часот на ул.„Методија Андонов – Ченто“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.С.(32) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.С, при што било констатирано дека го управувал  и покрај тоа што имал забрана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »