Press "Enter" to skip to content

Иван Трповски промовира две негови нови книги во Сиднеј, Австралија

Дееновиве во горната сала на  црквата “Св. Петка“ во населбата Рокдаел во Сиднеј беа промовирани  две книги во присуство на доста љубители на пишаниот збор и книгата.

Едната е со наслов  “Исповед кон мајками Луба“ која има превод и на англиски јазик, а другата “Антологија на  литературното друштво Глигор Прличев од Сиднеј“ кое беше и организатор на настанот.

Водител на програмата беше господинот Душан Ристевски од Битола познат писател, актер и режисер на драмски претстави.  Тој најпрво не поздрави сите и накусо не запозна со животот и делото на Трповски. Професорката Катерина Ципушева аборуваше за содржината и значајноста на двете книги.После тоа ни се обрати на сите и самиот автор Иван Трповски кој не поздрави им се заблагодари на посетителите, спонзорите и ценето семејство за поддршката  што му ја  дадоа додека тој твореше.

Инаку, Иван  Трповски е роден во убавото село Волино, Охридско се доселува во Австралија во 1968 год неколку години работи во четири фабрики за стакло и прехранбени производи, потоа 20 во железница во Сиднеј, Нов Јужен Велс се до 1979 кога се пензионира.  Од 1979 е активен член на литературното друштво  како и прв член во библиотеката во населбата Анклиф во Сиднеј  исто и член  во издавачкиот одбор на списанието ПОВОД  и активен член на писателски здруженија во Македонија и Австралија. Тој е автор на многу книги со проза и поезија и продолжува да пишува и во неговите рани осумдесет години  исто така е  многу активен општо во заедницата овде во Австралија голем патриот  исто така е доста познат и во Македонија.

За господинот Иван Трповски има многу да се пишува и кажува како човек со добар карактер кој многу си ја сака својата матична земја Македонија и е добитник на многу награди и признанија во Македонија и овде во Австралија. Најпрестижна меѓу сите е од претходната премиерка на Нов Јужен Велс, Гладес Берегиклиан, за 40 годишна доброволна работа во заедницата во 2018 година и во Македонија

Во 2016 год врачен медал заслуги за Македонија од претходниот претседател на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов во Охрид.

За животот и делото на Иван може да се напишат многу страници има и многу да се кажува но ова е краток прилог за сите што го следат порталот и ако сакаат да споделат.

Славица Марцевска, Сиднеј

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »