Press "Enter" to skip to content

МВР: Започна целосна примена на новиот систем за влез во ЕУ, печатите во пасошите заминуваат во историја

-На граничниот премин Меџитлија кај Битола од 09.04.2026 од 12 часот до 10.04.2026 до 12 часот влез во државата оствариле 129 македонски државјани, а излез оствариле 832 македонски државјани.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денеска започна со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно Ве известуваме дека од страна на МВР се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

На граничниот премин Меџитлија од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 129 македонски државјани, а излез оствариле 832 македонски државјани. 

Што претставува EES

Европскиот систем за влез/излез е нова автоматизирана ИТ платформа која ќе регистрира:

-Време и место на влез и излез од Шенген-зоната

-Биометриски податоци (фотографија и отисоци од прсти)

-Податоци од патната исправа и видот на патната исправа

-Дозволена должина на престој (максимум 90 дена во период од 180 дена).

На кого се однесува

Системот ЕЕС се однесува на државјаните на земјите кои не се дел од шенген зоната, кои патуваат во Шенген-зоната без визи, туристички  (краткорочен престој 90 дена во период од 180 дена)

Што значи ова за патниците

-Нема да се стави печат на пасошите при влез/излез – податоците ќе се евидентираат електронски;

-Патниците ќе мора да поминат биометриска регистрација при првиот влез;

-Системот автоматски ќе следи дали некој ја надминал дозволената должина на престој во Шенген зоната.

More from ВестиMore posts in Вести »