Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 27 април 2026 година во 12 часот ќе се отвори ликовна изложба „Од уметничката ризница на Ректоратот на УКЛО“.
Изложбата претставува избор од вредната уметничка колекција на УКЛО и се реализира во соработка со галеријата „Ранко Струмениковски“ – Битола.
Ректорот, проф. д-р Игор Неделковско во поканата, посочува дека со изложба се отвораат вратите на Ректоратот за јавноста, овозможувајќи споделување на вредното уметничко наследство.
Преку поставката, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со богатата ликовна ризница што ја поседува Универзитетот, уметнички дела кои ги красат просториите на Ректоратот и се постојан потсетник дека интелектуалниот развој е нецелосен без естетското доживување.











