-Пред 10 години, кон крајот на април во 2016 година, Фудбалската федерација на Македонија ја заврши својата обврска од договорот меѓу ФФМ, Општината Битола и УЕФА и заврши со активностите кои се поврзани со изградбата на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Тревната подлога поставена на главниот терен на стадионот под Тумбе Кафе е работен според највисоките критериуми на УЕФА и ги исполнува условите да биде домаќин на сите репрезентативни и клупски тимови.
Тогаш беше речено дека обврска на локалната самоуправа е изградба на покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на подтрибинскиот простор, каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадио.
Покрај новиот терен од страна на ФФМ и УЕФА ќе следува и поставување рефлектори за осветлување на стадионот од највисока – четврта категорија, за што постапката е пред потпишување на договорот. Паралелно со ова, Општината ги продолжува активностите за реализација на проектот “Изградба на северна трибина како функционален дел“.











