На 28.04.2026 во 23:50 часот на ул.„Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 24 годишник од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал за време на мерка – забрана за управување на моторно возило. По документирање на настанот, против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 28.04.2026 во угостителски објект на ул. „Св.Кирил и Методиј” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.






