Press "Enter" to skip to content

Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија на ФИКТ Битола (фото)

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, од 3 до 9 мај 2026 година, е домаќин на Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија „Се развиваме заедно“.Партнер на овој настан, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија, е Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, Швајцарија. Во реализацијата на активностите се вклучени 80-тина студенти и 15 професори од двата универзитета, како и над 10 компании од нашата држава.Според ректорот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, со овој настан УКЛО се етаблира како лидер во поддршката на претпримничките идеи на студентите за основање на свои компании, за поддршка на транферот на технологии.– За УКЛО КОЛОРС студентите е мошне битна постојаната комуникација со европски и светски универзитети и организации, да видат до каде се со своите знаења. По мое длабоко убедување и по она што го слушеме од нашите колеги од Алијансата КОЛОРС, тие се рамо до рамо со свои колеги од слични универзитерти од Европа.Соработката меѓу двата универзитета ја поздрави и г-ѓата Михал Харари, заменик-шеф на мисијата на Амбасата на Швајцарија, која посочува дека на овој начин се зацрвстуваат и добрите односи меѓу двете земји.На отворањето на Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија, пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.-Претприемачката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија Верувам и сигурен сум дека ќе охрабри многумина да соберат храброст и својот потенцијал да го инвестираат во нови и иновативни решенија кои ќе го подобрат нашето секојдневие и иднина, рече градоначалникот Коњановски.Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски, овој настан го оценува како почеток на нови идеи, нови партнерства и нови успешни приказни.Претприемничката недела ќе трае до сабота кога ќе бидат презентирани резултатите од работата на тимовите.На Општина Битола, како и на фирмите во градот, јавните претпријатија потребни им се луѓе со претприемачки дух, луѓе кои се дел од модерните текови и имаат визија за иднината.