Press "Enter" to skip to content

“Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)

-Наградениот спот е во целосна продукција на “Генерал Филм Студио“, во режија на Ана Марија Јанковиќ, со директор на фотографија Дарио Јанковиќ кој долго време работеше во Битола Фестивалот “Netët e Klipit Shqiptar“ („Ноќ на албански музички спотови“) е еден од најзначајните музички настани во Тирана. Основан во 2002 година, овој фестивал претставува престижна платформа за доделување награди за најдобрите музички видеоспотови од албанската сцена – вклучувајќи уметници од Албанија, Косово, Македонија и дијаспората. Организиран од “DeliArt“ настанот традиционално се одржува како гала вечер и се емитува низ целиот Балкан.Оваа година, фестивалот повторно ги обедини најпопуларните албански артисти и продукциски куќи, ставајќи акцент не само на музиката, туку и на визуелната уметност – режија, сценографија и продукција.

 Наградата за најдобар музички спот оваа година ја освои “Генерал Филм Студио“ за видеото на песната “Malli“ од познатиот уметник Shkumbin Ismaili.

За нашиот портал, тимот на “Генерал Филм Студио“ изјави:

-Со огромна чест и радост споделуваме дека на фестивалот во Тирана ја освоивме наградата за најдобар музички спот за баладата “Malli“. Овој проект е резултат на посветена тимска работа, креативна визија и силна емоција преточена во слика. Спотот е во целосна продукција на “Генерал Филм Студио“, во режија на Ана Марија Јанковиќ, со директор на фотографија Дарио Јанковиќ.

Ова признание за нас претставува потврда дека кога љубовта кон уметноста и професионализмот се спојуваат, резултатот допира до публиката. “Malli’ е приказна за емоција, носталгија и човечка поврзаност – и ни е чест што таа приказна беше препознаена и наградена.

Голема благодарност до целиот тим, до уметникот за довербата, како и до фестивалот за ова значајно признание. Продолжуваме со уште поголема мотивација да создаваме дела што ќе останат трајни.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »