Press "Enter" to skip to content

Битола има потенцијал за зелени работни места (фотогалерија)

Во Офицерски дом во Битола, во организација на МКЦ Битола се одржа националниот настан за вмрежување на ЛЕСС „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“ во организација на МКЦ-Битола и Еко свест во соработка со ЛЕСС-Битола.Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска се обратија на настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), посветен на темата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој”.
Настанот е во организација на МКЦ Битола и Еко-свест од Скопје, а во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола.
На еден од панелите свое обраќање имаше и заменик претседавачот на Локално економскиот социјален совет на Битола, Борче Димитровски.-Праведната транзиција е реалност и повеќе пати Локалниот економско социјален совет и Општина Битола ги отворале овие значајни теми кои се специфични сами по себе, но треба да ги прилагодиме на ниво за секој граѓанин да разбере за што конкретно зборуваме. Едно е да имаме документи и хартија, а сосема друго е она што се случува на терен. Поддеднакво е важно изготвувањето на плановите, документите за патоказот на праведната транзиција, но уште поважно е како тоа се реализира на терен. Општина Битола има капацитет за подготовка на проектни документации и може да се вклопи согласно законските регулативи и надлежности на општината, рече Димитровски.Според него еден од индикаторите кој што треба за 2026 и поконкретно за 2027 година да се воведе е да се следи бројот на ново отворени зелени работни места во Битола, која има потенцијал за тоа.Пред петнаесет дена 11 парцели се продадени во Индустриската зона Жабени и тоа значи нови работни места и таа зона е една иднина за отворање нови зелени работни места, истакна Димитровски.Пред присутните поздравни обраќања имаа и претседавачот на ЛЕСС, Никола Трпеновски, директорот на МКЦ Битола, Сашо Додовски и Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко Свест. Емилија Сарафска од работна група за праведна транзиција при Министерство за енергетика, го објасни текот на реализација на акцискиот годишен план и работата на работните групи во министерството.Настанот има за цел да поттикне конструктивен дијалог и засилена соработка помеѓу институциите, локалната самоуправа, бизнис секторот, синдикатите, образовните институции и граѓанските организации.Фокусот ќе биде ставен на напредокот во процесот на праведна енергетска транзиција, имплементацијата на планираните активности, како и на креирање идни насоки за одржлив развој на Пелагонискиот регион.

More from ВестиMore posts in Вести »