Press "Enter" to skip to content

Шведскиот амбасадор на пица кај “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола (фото)

Амбасадорот на Шведска во Македонија Ола Сулстром беше во официјална посета на Битола и оствари неколку средби и присуствуваше на неколку настани поврзани со работата на шведската амбасада со Битола.Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром паузата помеѓу неколку настани ја искористи и да ја посети пицеријата “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола каде имаше неофицијална, пред се пријателска средба со сопственикот на пицеријата Драган Талевски – Шведскиот.Амбасадорот беше запознат со тоа тоа дека оваа пицерија во Битола работи 25 години во Битола, а името го добила по тоа што таткото на Драган, Томе бил на привремена работа во Шведска, за што Томе разговараше за времето поминато во Шведска и за тоа како се вратиле во Македонија.Шведскиот како добар домаќин делегацијата на амбасадорот на Шведска ја послужи со пица, за која за клавлитетот доби пофалби.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »