-На платото пред Офицерски дом во Битола утре вечер ќе настапат групите “Љубојна“ и“Паркети“, а битолчани ќе уживаат во вино, музика и градска атмосфера.
Променливото време и пролетниот мајски дожд во Битола ја расипа втората вечер на Винскиот фестивал кој се одржува на платото пред Офицерски дом.
Иако организаторите се подготвуваа како да биде се во најголем ред и да биде се како треба дождот не дозволи битолчани и гостите од регионот да уживаат во винскиот фестивал, кој на посетителите им донесе дегустации на македонски вина, музичка програма и дружење под отворено небо.
Денес на големата сцена кај Офицерски забавата започнаа во 18 часот со Resident DJ и продоли со “Lockdown“.
Главни ѕвезди на сцената на платото пред Офицерски дом беа членовите на оркестар “ДИВА“ со Ана Петанова и Бојан Стојков кој уште еднаш го потврдија својот квалитет и посветеност на публиката во Битола.
Вечерта ја затвори DJ Гоце Саф.
Организаторите за утре ја најавуваат кулминацијата на вискиот фестивал, а претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов ни рече:
-Се можеме да направиме и се да организираме, но не можеме против времето. Имавме одлична програма вечерва, а најхрабрите кои се тука ужуваа во виното и музиката. Утре вечер ќе биде најдобрата вечер, а битолчани и нивните гости ќе уживаат.
Утре забавата започнува во 18 часот со Resident DJ, продолжува Zdrave Music. Во 21 часот не сцената ќе биде групата “Љубојна“, а за крај на годинашниот фестивал ќе настапат “Паркети“.
Инаку, на фестивалот на преубаво уредено плато на Офицерски дом се претставени 14 винарии со повече од 100 етикети.
Жанета Ристевска











