Press "Enter" to skip to content

Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)

Вечерва во Битола на платото пред Офицерски дом заврши првиот Вински фестивал на кој три дена битолчани уживаа во новата мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење “беа заедно“ на едно од најпрепознатливите места во градот.Како и ветија организаторите ја надополнија културно-забавната понуда на Битола и  создадоа уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.На фестивалот се претставија 14 винарии, како велат винарите, со повеќе од 100 “етикети“, во кои уживаа љубителите на виното.Градоначалникот на Битола – Тони Коњановски беше присутен на последната вечер на Винскиот фестивал и рече:-Прв пат година Битола, по примерот на некои градови го организира овој Вински фестивал и тоа можам да кажам успешно. Овој регион има домашно производство на вино, но ги угостивме и другите винарии да се претстават. Денес имавме неколку настани во градот, а овој “богат“ ден го завршуваме тука со одличните настапи на “Љубојна“ и “Паркети“. Не е само да се направи настан, но поважно е да има публика за тоа, а вечерашната голема посета на настанот покажува дека Винскиот фестивал на стартот е прифатен од битолчани и од регионот. Малку не не послужи времето во вчерашниот ден, но според она што разговарав со претставниците на винариите и тие се задоволни, а тоа ни дава мотив ова да биде уште една традиција во Битола.Домаќин на Винскиот фестивал беше Култутниот информативен центар Битола,  директорот Димитар Михајловски, рече дека Офицерски дом е природна сцена за ваков тип настани, бидејќи претставува еден од најрепрезентативните простори во градот.-Потребна беше голема организација за првиот вински фестивал, но ние как0 домаќини заедно со организаторите се потрудивме да биде се во ред, а тоа се покажа на трите вечери, добра забава за битолчани, одлична презентација на македонските вина… Според она што се случуваше три дена покажавме дека можеме да организираме и ваков вид настани. Продолжуваме и в година со организаторите и локалната самоуправа. Забавата на последнито ден започна во 18 часот со Resident DJ, продолжува Zdrave Music. Во 21 часот не сцената ќе биде групата “Љубојна“, а за крај на годинашниот фестивал ќе настапат “Паркети“.Вера Милошевска од Љубојна за винскиот фестивал и нивниот настап рече:-Прво да упатам честитки за организацијата на фестивалите кои ја одбележуваат Битола, а сега и за Винскиот фестивал. Битола од секогаш е град на музиката и на културата. Битола е неприкосновена во тој поглед, а плус на тоа, јас сум и пристрасна, мене ми е секогаш убаво тука, посебно кога има вакви настани. Нека продолжи организацијата на Винскиот фестивал уште посилно, со уште поинтересни програми и да се радуваме заедно. Секогаш недостасуваат, и секогаш има потреба од што повеќе вакви собири, македонски групи, публика, македонско вино, македонски производи… Како ние да си ја сакаме нашата Битола и нашата Македонија, ако не вака.Организаторите на Винскиот фестивал посочија уште еднаш, на затворањето на фестивало дека идејата е фестивалот да стане традиција и секоја година да носи нова енергија во градот.-Мислам дека создадовме  настан кој ги поврза љубителите на доброто вино, домашните винарии, музиката и градското дружење. Мисла, а сега по три вечери сум убеден дека дека Битола има публика која знае да препознае добар настан. Виното е култура, приказна и повод луѓето да се сретнат во убава атмосфера, па така нека биде и до година, позитивна енергија и многу вино, рече Пане Темов од организацијата на фестивалот.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »