СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола ќе организира интерактивниот отворен ден „Агро-Фест: Учи, Допри, Создај“ на ден 19 мај 2026 година.
Настанот ќе се одржи во училишниот двор и училишните простории.
Целта на овој настан е да се доближи земјоделството до младите и пошироката заедница преку практични и едукативни активности.
Програмата опфаќа: работилници, демонстрации и интересни предавања (Учи), практични активности и истражувања од прва рака (Допри), креативни активности и идеи за подобра иднина (Создај).
За сите посетители ќе бидат организирани интерактивни штандови, дружба со ученици и професори и многу изненадувања, а ова ќе биде одлична можност за стекнување нови знаења, размена на искуства и инспирација за идни предизвици во областа на земјоделството и иновациите.






