Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 годишна девојка возела без возачка дозвола, прилепчанец приведен за марихуана

На 12.05.2026 во 02:40 часот на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.К. (18) од с. Кукуречани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило “фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.К. при што било констатирано дека го управувала без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава.

На 11.05.2026 во 17:15 часот на ул. „Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б. (31) од Прилеп, со престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.