Со најсовременот апарат Olympus Medical Systems Corp 2951 и нови ендоскопски методи во одделението за гастроентерохепатологија, за првпат Клиничка болница вовеедува процедури кои значат побрза дијагноза, навремен третман и спасени животи.Наскоро, комплетно современо опремен кабинет за гастроентерохепатологија, каде четворица обучени гастроентерохепатолози ќе ги применуваат најсовремените медицински стандарди.
Одделението ќе овозможува: горнодигестивна ендоскопија и колоноскопија со современа визуелизација, земање биопсии за прецизна анализа, терапевтски интервенции и третман на гастроинтестинални крвавења и отстранување полипи со цел превенција од посериозни заболувања
За првпат во Клиничка болница Битола се воведуваат: хемостаза – современо запирање на внатрешни крвавења, електрокоагулација – напредна метода за третман на ткиво и отстранување полипи на дебело црево
-Ова е уште еден голем чекор напред во модернизацијата на здравството и унапредувањето на медицинските услуги во нашиот регион. Со посветеност и современа технологија, продолжуваме да создаваме услови пациентите да добијат врвна здравствена грижа блиску до својот дом, без потреба од дополнителни упатувања и патувања. Ова не е само нова технологија. Ова е нова надеж. Нова сигурност за пациентите. Нова можност граѓаните на Битола да добијат врвна здравствена услуга во својот град, соопштија од Клиничка болница Битола.






