Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Шарената револузија“ го исфарба кино “Манаки“, реагираа Власите

-Пред 10 години кога во тек беше таканаречената “Шарената револуција“ откако и новото кино на “Браќата Манаки“ лоцирано на Широк Сокак во изградба, беше вандализирано со остра реакција во јавноста и осуда излегоа од Комуната на Власи- Браќа Манаки од Битола, започна со своите сеќавања Димче Мимовски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

-Кому му смета овој споменик, лоциран на местото каде што претходно постоеше киното на Браќа Манаки? Го осудуваме овој чин кој е класичен вандализам, и јавно прашуваме на кого му пречат Власите?- јавно прашаа од Комуната на Власи, Христо Чолаковски.

Постарите членови на ова Здружение реагираа дека им пречи тоа што се валка името на браќата Манаки кое цел свет го почитува и респектира. Сметаат дека треба полицијата да преземе мерки и да ги спречи ваквите според нив вандалски чинови.

-Недоразбирањата не се решаваат на улица со сила и на ваков начин. Веруваме во институциите на системот и државата дека ќе се откријат сторителите и дека ќе бидат санкционирани. Ништо нема да не поколеба да го продолжиме соживотот и да ја негуваме традицијата која е создадена во Битола, а во која Власите имаат голем придонес, децидни се од Комуната на Власи во Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »