Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Соња Ангелевска ќе учествува во новото британско телевизиско шоу „Nobody’s Fool“ (фото)

Соња Ангелевска од Битола која живее и работи девет години во Обединетото Кралство ќе биде дел од новото телевизиско шоу „Nobody’s Fool“, кое наскоро започнува на британската национална телевизија ITV – една од најголемите и најгледани телевизиски мрежи во Обединетото Кралство.

Станува збор за нов забавен телевизиски формат кој комбинира знаење, стратегија и психологија, каде натпреварувачите можат да победат не само со знаење, туку и со способност да ги убедат другите дека се попаметни отколку што навистина се.Шоуто го водат две големи британски телевизиски ѕвезди – Danny Dyer и Emily Atack, кои во моментов се меѓу најактуелните имиња на британската сцена, особено по успехот на хит серијата „Rivals“ на Disney+.

Danny Dyer е едно од најпрепознатливите ТВ лица во Велика Британија, со долгогодишна актерска кариера и статус на британска телевизиска икона, додека Emily Atack е една од најпопуларните актерки и ТВ личности од помладата генерација.„Nobody’s Fool“ ќе се емитува во ударен термин на ITV и ITVX, а британските медиуми веќе го издвојуваат како едно од најочекуваните нови телевизиски шоуа сезонава.

Соња последните девет години живее и работи во Велика Британија, каде го предводи бизнис развојот за секторот рударство и метали во една од најголемите адвокатски компании во светот, работејќи со меѓународни компании и проекти од рударската индустрија.

Таа неодамна беше именувана меѓу истакнатите млади професионалци во Велика Британија од страна на британското бизнис списание „Centrum“, кое објавува интервјуа, анализи и профили на водечки луѓе од светот на бизнисот и професионалните услуги.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »