-Мај 2016 година беше тешка година за битолскиот фудбал, односно Пелистер од Битола се “врати од мртвите“ и кога сите се помирија со тоа дека Пелистер ќе се пресели од Втората во Третата лига и ќе игра со Кркардаш или Гени маале, се случи сосема неочекувано Пелистер да се врати во Првата лига, а се вратија по само една година настап во второлигашкото друштво, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
“Пелисерци“ беа подобри и во баражот во кој настапија и во двомечот беа подобар против
ник од Хоризонт Турново со вкупни 3:1. По победата од 2:1 во Битола, екипата на Наум Љамчевски, во неделата се радуваше на нова победа на стадионот во Ѓорче Петров со 1:0 со голот на Дејан Цветановски во 62. минута.
Пелистер ја имаше поддршката на “Чкембарите“ кои беа околу 300 и одолеаа на притосоците и остварија успех со враќањето во Првата лига. Мечот се играше по многу топло време и судијата Ставрев го прекинуваше натпреварот заради тајм-аут.
-Единствен мотив за овој тим во сезоната 2015/16 година беше да се спаси Пелистер од големиот срам, да испадне во Третата лига. Со упорна работа, со голема борба на сите терени каде настапиваше, со помалку и спортска среќа се оствари она што никој не се надеваше – Пелистер се врати онаму каде и што му е местото, во Првата лига, се сеќава Миновски.

Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени









