Битола беше домаќин на кадетскиот Ф4 турнир за шампион на Македонија, кој помина во одлична атмосфера, а многубројната публика уживаше во ракометната игра што ја прикажаа кадетите на Еурофарм Пелистер, Мулти Есенс, Пролет и Охрид.
Целодневен ракометен спектакл во организација на Еурофарм Пелистер, каде можеше да се види иднината на македонскиот ракомет, а екипата на Пролет повеќе од заслужено ја освои титулата и е кадетски шампион на Македонија. Тимот на Еурофарм Пелистер по поразот во полуфиналето, во борбата за третото место ја совлада екипата на РК Охрид и го освои бронзениот медал. Ова беше трет триумф во оваа сезона над Охрид и победнички крај на Ф4 турнирот.
Со контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, избраниците на Фарук Мемик и Кире Митревски стигнаа до рутинска победа и заслужен бронзен медал.
Она што посебно радува е што Еурофарм Пелистер е единствениот тим на турнирот составен целосно од Битолчани, деца кои растат и се развиваат во нашата школа, а настапи во состав: Паковски и Мацанковски (голмани), Дуковски, Кочанов, Кебаковски, Велановски 15, Спировски, Марковски 1, Миалчев 6, Бочевски, Здравковски, Бундалевски, Никодиноски, Василевски 5, Георгиев 4, Симоновски 9.
Младиот пивотмен и од наредната година член на Еурофарм Пелистер 2, Јован Симоновски, беше избран меѓу најдобрите седум играчи на турнирот.

Кадетите на Пролет први, Еурофарм Пелистер третопласирани на “Ф4“ кој се одржа во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)
- Пелистер поразен од Куманово, утре ќе игра трето место во Битола (фотогалерија)










